x

Случај на коронавирус во тимот на Лазаров, мечот со ПСЖ нема да се игра

fb_img_1558644166981

Во тимот на Нант се појави позитивен случај на коронавирус. Тимот на Лазаров кој се подготвува за новата сезона, пријави еден случај на свој ракометар. Името не се открива, а играчот веднаш е ставен во изолација.

Нант најави дека подготовките на тимот ќе продолжат и ќе бидат адаптирани, а пријателскиот меч со ПСЖ кој требаше да се игра во петок, е откажан.

Ова е уште еден француски тим кој пријавува случај на Ковид-19. Претходно случаи имаа женските клубови Шамбре, Флери Луар, Мец, а потоа и машките тимови Екс ан Прованс, Лимож и Иври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата