x

Случај „Идрису“: Лажел дека заминал во Германија, сега му се заканува депортација и забрана за влез во ЕУ

Поранешниот играч на Шкендија, Мохмаду Идрису, е во притвор во австриска полиција поради проблемите со работната виза. Меѓутоа новиот момент вели дека тој требало да оди во Германија и да го реши проблемот уште пред еден месец, но од непознати причини останал во Австрија, каде настапувал за аматерски клуб, а згора на тоа работел.

„Јас мислев дека веќе е во Германија каде ќе работи на решавање на тој проблем. Рече дека ќе оди уште пред еден месец, но очигледно не заминал“, рече претседателот на клубот каде што настапуваше Идрису. Тој потврди дека работната дозвола му била продолжена, но визата за престој требало самиот Идрису да ја продолжи.

Сега на екс играчот на Шкендија му се заканува депортирање во Камерун, но и забрана за влез во земјите од ЕУ неколку години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата