x

Слукас заминува од Фенербахче, следна дестинација ЦСКА (М)

Московска ЦСКА е фаворит за потписот на грчкиот кошаркар од екипата на Фенербахче, Костас Слукас.

Откако денеска стана јасно дека Слукас најверојатно го напушта тимот ова лето, руските медиуми потенцираат дека ЦСКА веќе е во преговори со него.

Договорот на Гркот со турскиот тим е до 2022 година, но во случај на проблеми за клубот, Костас ќе може да влезе на пазарот на слободни агенти ова лето. Токму со овој развој на настаните ЦСКА Реал Мадрид и Олимпијакос се споменуваат како кандидати за неговиот потпис.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата