Есенва не вреди правилото – колку помалку толку подобро. Во мода е
слоевидниот стил, волуминозните форми и гламурот на осумдесеттите… Плетените комотни блузи, долгите џемпери, пуловерите оваа есен ќе се носат преку “скиниè џинсот или густите црни чорапи, и тоа во црни, сиви, виолетови бои… Сивата боја е апсолутна владетелка на есента! Во сите можни нијанси и комбинации ќе биде најпопуларна во деновите што доаѓаат. Доколку не сте љубителка на оваа нијанса нема да згрешите и ако купите нешто црвено – бојата симболизира женственост, а таа и тоа како е ин. А тука е и класичната црно-бела комбинација.
Слоевитоста почнува со повторно популарните хеланки или “скиниè фармерките преку кои се носат долги џемпери, волнени фустани, капути и шалови. Правило е – што повеќе облека врз себе, толку подобро! Волумен, модата се врти околу облите форми и нагласената женственост, а силуетата на песочен часовник е од темелна важност. Кројката ја следи А линијата, а здолништата ги истакнуваат облините.
Првите студени денови не може, а да не се замислат и без карирано парче. Од капути, палта, здолништа, до панталони, торби, капи. Не помала важност имаат и парчињата со животински принт. Ваквите дезени главно се појавуваат на деталите и една разочарувачка вест е дека повторно популарно е вистинското крзно. Што се однесува до обувките, тренди се чизмите со висина до скочниот зглоб, благо заоблени и на стабилна потпетица. Тие се апсолутен “муст хавеè есенва, се разбира, како и широките ремени. Совршено прилегаат доколку се носат со густи црни чорапи, широки ремени и многу златни детали.
И на крајот, не заборавајте не е потребно да ја “загреватеè картичката за да изгледате модерно. Неколку мали и квалитетни детали ќе бидат доволни да ја поткренете целата комбинација.