Во вкупниот раст на платите најмногу придонел јавниот сектор каде платите во октомври се зголемени за 1,4 проценти на годишно ниво, иако приходите во потесниот сектор на државната управа пораснале за само 0,8 проценти, пренесува словенечката агенција СТА.

Во приватниот сектор платите во октомври пораснале за 0,6 проценти на годишно ниво. На месечно ниво, платите во приватниот сектор пораснале за 1,5 проценти, а во државниот за еден процент, додека во државната управа се намалени за 0,3 проценти.

Просечната бруто плата во октомври пораснала за 1,1 проценти на годишно ниво, на 1,544 евра.

Највисока просечна плата има во финансиската и осигурителната индустрија, каде таа изнесува 1.438 евра нето.