Словенечката влада објави дека ќе укине некои ограничувања под одредени услови за време на претстојните празници, па забраната за преминување на општинските и регионалните граници нема да се примени на Бадник и Божиќ.

Дружењето биде дозволено межу членови на најмногу две домаќинства со вкупно 6 возрасни лица, соопшти Владата по седницата. Овој број не вклучува деца на возраст под 15 години, кои исто така можат да бидат присутни на такви собири. За Божиќ нема да има традиционална полноќна миса, но ќе биде дозволено да се одржат миси на Бадник, кои треба да завршат до 20 часот, бидејќи мерката за забрана за движење во текот на ноќта е сè уште во сила.

Таквиот режим ќе биде во сила од 24 декември во 12 часот до 25 декември во 20 часот. Владата ги повика граѓаните да „се однесуваат одговорно“ и да ги почитуваат сите други анти-епидемиски мерки што сè уште се на сила.Мерките како забрана за собирање на јавни површини ќе останат во сила за време на празниците, а исто така ќе се примени и забрана за продажба и употреба на пиротехнички средства.

Владата претходно објави дека вработените во јавниот сектор ќе работат од дома во наредните две недели и препорача приватниот сектор да работи од дома за оние што се во можност да го сторат тоа.

извор: Makfax