Пратеникот на крајно десничарската Народна партија „Наша Словачка“ , Милан Мазурек го загуби своето пратеничко место откако словачкиот Врховен суд ја потврди пресудата за расизам кон Ромите.

Врховниот суд на Словачка се согласи со долниот суд дека Милан Мазурек од Народната партија „Наша Словачка“ дал незаконски расистички коментари за ромската заедница во радиоемисијата емитувана во 2016 година, објави АП.

Тој зборуваше за „Цигански терор“ во емисијата, додавајќи дека Ромите „никогаш не направиле ништо за нацијата“.
Мазурек се изјасни за невин и ја обжали пресудата минатата година.

Врховниот суд го казни со парична казна од 10.000 евра, двојно зголемувајќи ја казната на долниот суд.

Мазурек е првиот словачки пратеник што го загуби своето пратеничко место по кривична пресуда.

извор: Makfax