Словачката влада донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 45 дена поради сегашната епидемиолошка состојба.

Вонредната состојба беше воведена на 1 октомври и требаше да заврши на 14 ноември, но сега таа ќе биде продолжена, пренесува Таср.

Исто така, полицискиот час останува во сила до 14 ноември.

Досега, словачката влада прогласи вонредна состојба двапати, првиот за време на првиот бран од 16 март до 14 јуни и втор пат на 1 октомври.

извор: Makfax