И полската премиерка Бета Шидло и словачкиот премиер Роберт Фико изјавија дека се против проширувањето на рускиот гасовод на дното на Балтичкото море, Северен тек 2.

Додека Полска верува дека има сојузници во Европската унија да се спречи гасоводот, премиерот Фико ќе разговара со претседателот на Русија Владимир Путин за тоа дека рускиот Гаспром ќе продолжи да го користи и гасоводот преку Украина и Словачка.