Пластични кеси со дупчиња можат да се користат како заштитни маски и можат да бидат добра опција за лекарите кога се соочуваат со недостаток на опрема за да се борат во првата линија на фронтот со КОВИД-19.

Лекарите во Индија кои направиле вакво нешто велат дека можеле слободно да дишат додека ја извршуваат работата.

Тие дури велат дека нивните очила не кондензираат како што им се случува на многу лекари ширум светот, во време кога тие се принудени да носат заштитна облека повеќе од 16 часа.

Иако може да звучи како комичен предлог, тие велат дека во време кога светот се соочува со КОВИД-19 и недостаток на адекватна заштитна опрема, оваа алтернатива е вистинската. Во Индија, некои лекари користеле мантили и кациги за мотор како заштитна опрема за време на пандемијата предизвикана од  КОВИД-19.