Делото кое е насликано во 1907 година, првично беше проценето на 45 милиони долари, а продадено е на аукција во Лондон, од страна на аукциската куќа “Сотби”.

Портпаролката на “Сотби” за Европа, Елена Њуман, рече дека сликата е едно од најголемите уметнички ремек-дела кои биле понудени на аукција.

На врвот на листата на најскапо продадени уметничко дела во Европа се наоѓа скулптурата од швајцарскиот скулптор Алберто Џакомети “Човекот кој оди”, која беше продадена за 141 милион долари.

Делото на фламанскиот сликар Петар Паул Рубенс, “Масакрот на невините”, е продадено за 92 милиони долари.

Лондонската куќа “Сотби” заработи на оваа аукција 240 милиони долари, што е рекорд за аукција во британскиот главен град.

Австрискиот сликар Густав Климт (1862-1918) е еден од главните претставници на симболизмот и основач на дви’ењето за уметност “Виенската сецесија”.