x

Следува рестарт: Утре се враќаат ракометните суперлигаши

img-fe0b2d9e9293cc623dccbeb000b79fd4-v

По последните извршени тестирањата за коронавирус кај сите екипи, од утре ќе продолжи домашното ракометно првенство во машка конкуренција, популарната Суперлига.

Според планот на Ракометната федерација утре ќе се одиграат два меча од третото коло во групата „А“. Во Охрид, домашниот тим ќе го пречека Радовиш на меч од 18:30 часот, а во истиот термин во Струмица ќе играат Астраион и Струга.

Одложен е натпреварот меѓу КЛ7 и Пролет, поради тоа што гостинскиот состав има голем број позитивни ракометари на Ковид-19.

Ден подоцна би требало да се одиграат и трите планирани средби од групата „Б“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата