Почнувајќи од утре па некаде до сабота територијата на нашата држава ќе биде под влијание на постабилна воздушна маса а во исто време од југ ќе продират и потопол воздух кој ќе условува пораст на температурите на воздухот.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност додека искклучок ќе бидат особено планинските предели каде ќе има усови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец се до викендот кога ќе засилува на интензитет и ќе биде од северен правец.

Максималните дневни температури како што кажавме ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.