Мјузиклот, едноставно наречен „Дајана“, за трагично починатата британска принцеза која го „раздрма“ кралското семејство и се одлучи за сопствен пат што ја направи безвременска, ќе биде поставен во театарот „Бродвеј“ следната година.

Музиката за мјузиклот ја напиша клавијатуристот на групата „Бон Џови“, Дејвид Брајан (57), кој освои две награди „Тони“ во 2010 година за сценското шоу „Мемфис“.

Главната улога ја доби Џина де Вал (31), театарска актерка која настапуваше во бродвејските претстави „American Idiot“ и „Кinky Boots“ , пишува Би-би-си.

„Холивуд репортер“ пишува дека мјузиклот содржи бројни музички нумери потребни за хит-претстава.

Премиерата на мјузиклот ќе се случи на 2 март следната година во театарот „Лонакре“, со официјален датум на прикажување од 31 март.

Не е познато дали претставата ќе биде прикажана во Велика Британија во блиска иднина.

извор: Makfax