Слатко задоволство што освежува
Отсекогаш се мислело дека Кинезите го изумиле сладоледот и дека Марко Поло ја пренел идејата во Европа во тринаесетиот век. Првиот замрзнат десерт му се припишува на императорот Нерон од Рим. Тој претставувал смеса од снег (што го донеле од планините неговите робови) и нектар, овошна каша и мед. Според друга теорија, Марко Поло, познат авантурист од 13 век, во Европа донел рецепти од патувањата на Далечниот исток за воден овошен сладолед, што наводно се приготвувал во Азија веќе илјадници години. Записите потврдуваат како старите Римјани одредени смеси ги ставале во амфори, па ги ставале на ниски температуре како потоа би уживале во ледениот десерт. Првата слаткарница во Америка била отворена во Њу Јорк во 1776 година. Доли Медисон предизвикала сензација кога послужила сладолед како десерт во Белата куќа на вториот инаугурациски бал во 1812 година. Итало Марчиони го продавал својот сладолед од подвижна количка на Вол Стрит. Меѓутоа, тој имал многу проблеми поради тоа што неговите муштерии често пати заборавале да го вратат стаклениот сад во кој го служел сладоледот. Тој почнал да приготвува еден вид чашички од вафли со коси страни и рамно дно. Идејата ја патентирал во 1903 година. Други пак го поврзуваат изумот на корнетот за сладолед со Светскиот саем во Ст. Луис во 1904 година. Продавачот на сладолед наводно немал доволно стаклени садови за да ја задоволи големата побарувачка за сладолед, така што се здружил со еден продавач на вафли, кој почнал да изработува корнети. Содата од сладолед се смета дека е изум на Роберт М. Грин од Филаделфија, кој продавал смеса од газирана вода, крем и овошен сируп, но наводно поради тоа што немал доволно крем тој ставил сладолед, надевајќи се дека неговите муштерии нема да забележат. Но, тие ја забележале измената, која што многу им се допаднала, по што дневната потрошувачка се зголемила од 6 на 600 долари.
Големите сладокусци ја усовршиле техниката на правење на сладолед и осмислиле стотина видови сладолед со различи ароми. Има разни видови крем сладолед, овошен, млечен. Во сладоледот треба да се ужива. Затоа јадете го во мали количини и полека топете го во устата како би ја доживеале аромата во потполност. Во 100 грама сладолед има просечно околу 200 кцал што зависи од составот. Овошните сладоледи се богати со витамини и минерали и имаат ниска енергетска вредност. Најдобар е млечниот сладолед кој е богат со калциум. Поради високата енергетска вредност сладоледот е на врвот на енергетската пирамида. Најголеми љубители на сладоледот
Сладоледот е продукт ценет и посакуван секаде низ светот, неговиот вкус од лето во лето е се побаран. Најголеми љубители на сладоледот се жителите на Нов Зеланд, кои секое лето трошат 26,3 литри по човек. По нив се Американците со 22,5 литри. Во Европа на прво место се Швајцарците 14,4 литри, Италијанците 8,2 литри, Французите 5,4 литри сладолед.