Двајца функционери од њујоршката полиција во вторникот се уапсени под обвинение дека земале над 100 илјади долари во бесплатни летови, проститутки, скапи ручеци и вечери и друг вид поткуп во замена за обезбедување “приватни полициски сили” за еден локален бизнисмен.

Заменикот шеф на полицијата Мајкл Харингтон и заменикот инспектор Џејмс Грант, како и бизнисменот од Бруклин Џереми Рајхберг се обвинети за корупција, пренесува АП.

Во замена за поткупот Рајхберг и други лица “добивале приватни полициски сили за себе и своите пријатели. Практично имале полицајци кога ќе посакаат”, соопшти американскиот обвинител Прет Барара на конференција за печат.

Апсењата следуваат неколку месеци по скандалот во кој беше вмешана најголемата полициска служба во САД а градоначалникот Бил де Блазио дојде во центарот на вниманието поради финансирањето на неговата кампања.

И Рајхберг и уште еден бизнисмен кој веќе с еизјасни за виновен дале прилично големи донации за кампањата на градоначалникот.