Икона на француската кинематографија и некогаш познат заводник Ален Делон кој на 7 ноември наполни 83 години, изјавил дека живее сам на имотот северно од Париз со кучето, пренесуваат гранцуските медиуми.

“Тоа е моје последно куче, несакам да ги имам многу”, рекол харизматичниот глумец како гостин во емисија на француска телевизија и додеал дека во текот на животот имал околу 50 кучиња кои се закопани на неговиот имот.

Делон повторил дека не се плаши од смрта додавајќи со смеење дека “многупати” умирал” во филмовите.

“Луѓето порано ми зборуваа дека постојано гледаат како умирам во филмовите. Херојот треба да знае како да умира”, рекол глумецот кој последните десет години не снимал филм.

Неговата последна улога била 2013 година во “Обичен ден”. Во таа претстава игра и неговата ќерка Анушка на која многу е горд.

Ален Делон е со исклулителна филмографија и бурен приватен живот, стана мит во светската кинематографија со ретка харизма и убавина.

 

Во 1999 година најавил дека нема повеќе да глуми, сепак се појавил во неколку телевизиски серии. Исто така запамтен е по дуетот со Далида и нивната песна “Paroles, Paroles”.

Иако Делон е критикуван поради испади, ароганција, егоцентричност и близок со основачот на екстремно десничарската партија на Национален фрон Жан- Мари Ле Пен. Повеќето Французи, и покрај тоа што го сметаат за мегаломан, признаваат дека тој е еден од најголемите француски глумци на сите времиња.