x

Слави Манчестер: Јунајтед му го нанесе првиот пораз на Мурињо во Тотенхем

Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2:1 во денешното враќање на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ за прв пат откако доби отказ од Јунајтед.

Двата гола за Манчестер ги постигна Рашфорд, а Али беше стрелец за Тотенхем. Манчестер водеше, потоа Тотенхем израмни пред крајот на првиот дел, а во второто полувреме Рашфорд од пенал донесе нова радост, и резултатот до крајот беше задржан. Победата на Јунајтед можеше да биде и поубедлива, со оглед на шансите, особено во првото полувреме.

И на другите натпревари победници беа домаќините.

Челзи на домашен терен го совлада Астон Вила со 2:1, и го задржа чекорот со водечките. Абрахам и Маунт беа стрелци на головите за лондонските „сини“, а Трезеге за гостите.

Лестер се зацврсти на второто место на табелата, откако го совлада Ватфорд со 2:0. Двата гола беа постигнати во вториот дел преку Варди и Мадисон.

Саутемптон го совлада Норич со 2:1, додека Вулверхемптон беше подобар од Вест Хем со 2:0.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата