На седница на црногорскиот парламент изгласана е нова, 42. влада, со премиерот Здравко Кривокапиќ на чело, каде што после тоа многу граѓани излегле на улиците да прослават.

Во Плевље можело да се види огномет, а славење имало и во други градови каде што се вееле знамиња, возачите поминувале трубејќи и пеејќи.

Да потсетиме, мнозинство пратеници на јавно гласање го подржале предлогот на владата на Кривокапиќ, со што тој станал премиер, откако положил заклетва.

За новата влада гласале 41 пратеник, 28 биле против, еден воздржан.

После полагање заклетва премиерот се заблагодарил на сите кои гласале, рекол дека се надева на заедничка работа која ќе биде во корист на Црна Гора.