Александра пред неколку дена објавила нова песна која постигнала голем успех за кусо време, а наскоро ќе почне и да настапува.

Меѓутоа иако ја сака својата работа, улогата на мајка на Пријовиќ и е најважна во живот па така на својот Инстаграм на нејзините следбеници споделила радосна вест.

Имено, нејзиниот син вчера наполнил три месеци, што за Александра претставува огромна среќа.

– Денеска наполнивме три месеци. Три месеци љубов која не се опишува, среќа, радост… Александар – напишала пеачката со неколку емотикони со срце.

Нема сомневање дека пеачката ужива во улога на мајка, а среќата за тоа не ја крие во ниеден момент.