x

Славењето заврши, почнува операцијата „Естонија“

estonija-makedonija-8

После вчерашното славење во хотелот на репрезентацијата, каде што сите со песна, ора, зурли, тапани, блех музика го прославија најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, од денеска стартува мисијата „Естонија“.

Тоа е претпоследниот натпревар на нашиот национален тим. Секако, важен за првото место и во групата Ц во Лигата на Нации, натпреварување кое ни го донесе пласманот на Европското првенство.

Денеска во 10:30 нашата селекција ќе има тренинг на Арената, а потоа и прес-конференција.

Инаку пред овој меч селекторот Ангеловски се соочи со проблеми. Адеми, Димитриевски и Пандев се ослободени, а повик доби само Љупче Дориев. Претходно имаше најави дека Јанков, Тодороски и Чурлинов ќе бидат приклучени во сениорскиот тим, но поради случаи со Ковид-19, тоа нема да се случи.

Натпреварот со Естонија се игра во недела во 15 часот

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата