Во сабота “Метрополис арената” во Скопје ќе биде претворена во голема кафеана, а причина за тоа е големиот солистички концерт на Мирослав Илиќ, кој годинава слави 45 години постоење на музичката сцена.

Славејот од Мрчајевци кој секогаш со задоволство го посетува Скопје каде покрај верната публика, има и доста блиски пријатели вели дека македонската престолнина му буди само убави спомени, па токму поради тоа славеничката турнеја ќе ја стартува од тука.

Скопје секогаш го посетувам со задоволство со оглед на тоа што за овој град ме врзуваат многу спомени. Оваа година славам четири и пол децении кариера и по тој повод организирам голема турнеја, а истата ќе ја стартувам од Македонија. Ова нема да биде класичен концерт, туку ќе биде една голема журка во боемски стил, целата сала ќе биде претворена во кафеана и едвај чекам да дојде сабота”, потенцираше Илиќ кој е слаб на македонскиот ајвар, пиперки и сирење.

Од организаторите побарав за ручек да имам пиперки и сирење, нема ништо повкусно од тоа во комбинација со топло лепче од фурна. Македонската храна е многу вкусна, се ми се допаѓа, но најслаб сум на вашиот ајвар”, додаде пејачот.

Инаку, концертната журка е предвидено да трае четири часа, а пред него на сцената ќе настапи и Ефто Пупиновски, влезници дознаваме има уште малку, а до нив освен на стандардните проджни места може да се дојде и со секоја купена огрлица од “Охридски бисер Ристески” – купувате накит, добивате влезница на подарок.