Ова е последица на стравувањата од можен излез на Велика Британија од Европската унија, што би можело да ја загрози еврозоната и единствената европска валута.

Фунтата, во исто време, оствари најголем пад во однос на другите валути, при што речиси 2,5 проценти во однос на доларот, достигнувајќи најниска вредност во последниве седум години, откако популарниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон изјави дека ќе се залага Велика Британија да ја напушти ЕУ во текот на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 23 јуни.