x

Скубе си оди од Вардар: Ви благодарам за се и верувам патиштата пак ќе ни се спојат

Словенецот Сташ Скубе е уште еден ракометар кој ќе го напушти Вардар ова лето. Тој го потврди тоа и на својот профил на Инстаграм, но исто така не откри во кој клуб ќе ја продолжи кариерата. Скубе дојде во Вардар во 2018 година од Пик Сегет и беше дел од тимот кој ја освои европската титула.

Има само неколку добри спомени, но ова беше повеќе од тоа. Горд сум што го носев дресот на Вардар две години и горд сум на сето она што го постигнавме во последниов период. Секако, освојувањето на Лигата на шампионите минатата година беше еден од најдобрите денови во мојот живот! Би сакал да им се заблагодарам на соиграчите, на навивачите и на луѓето кои не поддржуваа и во добро и во лошо.
Му посакувам на Вардар се најдобро и се надевам дека во иднина клубот ќе биде на нивото на кое заслужува. Ќе го напуштам Скопје ова лето, но верувам дека нашите патишта повторно ќе се вкрстат. Вистинската љубов има навика да се враќа“, напиша Словенецот на Инстаграм

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата