Дали сте забележале дека денот откако сте поминале една ноќ со вашиот партнер, вие сте полни со љубов  кон него, кон животот и кон луѓето. Колегите на работа или на факултет ве прашуваат: „Што се случува со вас?“

Постои објаснување за ова, наречено „чудно расположение после секс“ и е феномен што веќе психолозите го познаваат. Една неодамнешна студија објавена во списанието „Наука за психологијата“ пишува дека овој ефект на сексот трае околу 48 часа и е детерминантен за среќата во врските.

И претходно е пишано од експерти дека сексот создава поголема блискост кај паровите. За време на интимните односи, телото го ослободува хормонот окситоцин повеќе од вообичаеното, што прави да се чувствуваме среќни со партнерот, поврзувајќи го чувството на позитивност со оваа личност. Накратко, тоа е она што ние го нарекуваме љубов.

Но, бидејќи многу луѓе немаат сексуален однос секој ден, истражувачите станаа љубопитни да дознаат колку трае овој ефект. Тие анализирале податоци од 200 нововенчани парови, споредувајќи ја нивната врска првите шест месеци со нивната врска потоа. Се покажа како што се очекуваше: по шест месеци брак, сексуалната активност на парот се намали, како и среќата на двојката.

Така што, се е јасно: колку е почест сексот, толку сте посреќни со партнерот. Обидете се да го правите тоа на секои 48 часа.