Ноќеска околу 03:30 часот 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во с.Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер Ј. К(31) од Скопје, поради тоа што ја прекинала врската. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Претходно во текот на денот, односно во 20:15 часот Б.Ц (46) од Скопје, пријавил дека околу 13:00 часот на бул ,,АСНОМ“ во Скопје, неговата малолетна ќерка физички била нападната од М.А. од Скопје. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава..
Во 04:10 часот А.А(20) од Скопје, пријавил дека на ул.Горно Лисиче пред угостителски објект физички бил нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
Петнаесетина минути по овој настан околу 04:25 часот 18-годишна девојка пријавила дека во населба Илинден пред пекарница била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати. Се работи на расчистување на случајот.