Во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3  позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.