Од направените 3353 тестирања во последните 24 часа регистрирани се вкупно 1168 нови случаи на ковид-19, од кои само во Скопје има 513. За жал, главниот град е на врвот и кога станува збор за смртните случаи, така во изминатото деноноќие од починатите вкупно 18 лица во целата земја, пет пациенти се од Скопје и на возраст од 61, 69, 67, 77 и 84 годни. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Во Скопје ситуацијата е следна – регистрирани се вкупно 20253 случаи, а активни се 8254.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 500

• Гази Баба – 1151

• Аеродром -1256

• Карпош – 1070

• Центар – 1028

• Кисела Вода – 1021

• Ѓорче Петров – 680

• Бутел – 430

• Шуто Оризари – 144

• Студеничани – 41

• Сарај – 108

• Арачиново -26

• Илинден – 199

• Сопиште – 59

• Чучер Сандево – 83

• Петровец –82

• Зелениково -54

• Странец – 149

• Нераспределен- 173