Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, и тоа 45 во Скопје, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2. 

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. 

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.