Главниот град на Македонија ја надмина бројката од 2000 заразени од почетокот на пандемијата. Денеска во Скопје се регистрирани 140 нови заразени со што вкупната бројка се искачи на 2135 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во Скопје 140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1, Ресен 2

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.