Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19, регистрирани се  127 оздравени пациенти, а починати се тројца пациенти.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194,  бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5556, активни 949

• Куманово 1324, активни 302

• Дебар 228, активни 68

• Штип 1078, активни 243

• Прилеп 382, активни 51

• Тетово 1161, активни 160

• Струга 530, активни 138

• Велес 249, активни 27

• Битола 188, активни 63

• Охрид 318, активни 62

• Кавадарци 165, активни 99

• Гостивар 689, активни 297

• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)

• Струмица 55, активни 26

• Крива Паланка 32, активни 7

• Радовиш 38, активни 10

• Крушево 16, активни 1

• Кочани 129, активни 28

• Пробиштип 72, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 33

• Македонски Брод 65, активни 36

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 18, активни 9

• Валандово 7, активни 1

• Виница 61, активни 42

• Делчево 20, активни 15 (6 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 16, активни 2

• Свети Николе 265, активни 56

• Кичево 251, активни 115

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)