Големо жариште во државата е Скопје, односно неколку скопски населби. Интензивно се работи на идентификација на контактите, со вообичаените пречки со кои епидемиолозите се соочуваат, практично секојдневно. Интензивно се работи во однос на идентификување на контактите кои треба да се тестираат и другите кои треба да се стават во изолација, рече на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека во однос на епидемиолошката крива денеска разговарале на состанокот на Комисијата за заразни болести.

– Сите други градови и региони освен Скопје и делумно Тетово се стабилни, а на тоа укажуваат и спорадичниот број случаи, и веќе идентификуваните контакти од каде новите случаи потекнуваат, додаде Филипче.