x

Скопје бореше до шест, Гостивар им се врати на победите

autokomanda

Второлигашката конкурендија Запад, исто така денеска го имаше своето 11. коло сезонава. Резултатите се релативно реални и фаворитите ја одработија задачата на домашен терен.

Лидерот Скопје, ја покажа својата сила и на Автокоманда против Вардар Форино триумфираше со високи и убедливи 6:0. Во листата на стрелците редум се запишаа повеќе играчи но во центарот на вниманието е Владимир Жоглев кој постигна хет трик. Тој и го отвори резултатот, во шестата минута, а потоа погодија уште и Љамаљари, Јанакиевски и Јусуф.

Гостивар пак со 3:0 на домашен терен го совлада тимот на Лабуништа Тетово со 3:0, со головите на Гаши и Кировски, а автогол си постигна Марко Стојчевски.

Втора лига Запад 11. коло

Резултати:

Велазерими – Кораби 2:0

Скопје – Вардар Форино 6:0

Велешта – Охрид Лихнидос 0:0

Гостивар – Лабуништа Тетово 3:0

Дрита – Кадино 1:1

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата