Иако, дури за над 4 илјади денари имаат помали месечни примања од скопските домаќинства, кај кои во семејниот буџет влегуваат во просек по 25.334 денари, жителите на тетовскиот регион, се најголеми трошачи во државата, односно, тие, за покривање на минималните месечни трошоци, најголемиот дел за набавка на основите прехранбени производи, трошат дури повеќе од половина од заработеното. Поточно, за оваа намена од нивното семејно месечно салдо се минусираат по 12.677 денари. Тие, со просеч на семејна заработувачка од 20.962 денари и месечен просечен приход по член од 6.671 денари и покрај епитетот најголеми трошачи во државава, по дебелината на семејното ќесе не само што се зад скопските семејства, туку и по ресенчани и охри- ѓани, кои месечно печалат од 23.382 до 21.500 илјади денари. Просечниот тетовски месечен приход по член е повисок од охридскиот, што изнесува 5.075 денари, а по ресенскиот што според истражувањата на агенцијата “Стратум рисрч” е на ниво од 6.777 денари месечно. Помали трошачи од тетовци се ресенчани, кои од месеч ната заработувачка, за покривање на основните тро- шоци од семејниот буџет “кастрат” по 11.191 денар. На третото место се наоѓаат прилепч ани. Тие од месечниот семеен буџет од 16.111 денари и просечната месечна заработувач ка по член од 5.573 денари, за основните трошоци одвојуваат дури по 10.362 денари, односно, за покривање на рестото од трошоците за живеење, ним им остануваат само 5.749 денари од месечните примања. Над 9.600 денари од месечно заработените 20.409 денари, тро- шат битолските домаќинства. По нив се скопјани, кои за набавка на основните прехранбени и хигиенски производи од месечната заработувачка од над 25 илјади денари, тро- шат по 9.198 денари. Шести по обемот на месеч ната потошувачка, според истражувањето се охри- ѓани, кои од семејниот месе- чен буџет од 21.500 денари за оваа намена одвојуваат по 8.565 денари. Од спечалените 19.833 денари, односно по член просечно инкасираните 4.471 денари, гостиварчани трошат по 8.180 денари, а од приближ но 13 илјади денари просечен семеен месечен прилив, велешани, за основните тро- шоци одвојуваат речиси половина од заработеното. Со приближно четиринаесет илјади денари месечна заработувачка и просечан приход по член од околу 5.500 денари, жителите на штипскиот регион, на име основни трошоци, одвојуваат по 5.519 денари. Помали трошачи од нив се кочанчани, кои со семејно месечно салдо од 12.167 денари и просечна заработувач ка по член од 3.826 денари, “крчмат” нешто повеќе од третина од месечните примања. На претпоследното место, се жителите на Свети Николе и околните населени места, кои од граѓаните на Кочани и околината, на семејното салдо, месечно инкасираат “дури” 433 денари повеќ е, а трошат 96 денари помалку од кочанчани, чија основна месечна потошувач- ка изнесува 4.947 денари. На последното место по обемот на потрошувачка, според истражувањето на “Стратум рисрч” се кумановци, кои месечно трошат само 4.231 денар, наспроти семејната заработувачка од 11.371 денар. По приход по член, како податок кој најдобро го претставува статусот на домаќинството, на прво место се Скопјани, потоа Ресен, Битола, Тетово, Прилеп, итн. Гледано по региони, приходот по член е највисок во регионот Скопје (со околните села) и изнесува 8.522 денари, потоа во регион Охрид-Струга -Ресен – Битола 6.233, па Тетовско- Гостиварски со 5.126 ден.итн, а најнизок статус имаат во Кумановскиот регион.


ВЕЛИКА АТАНАСОВА