Синоќа по полноќ дошло до физичка пресметка помеѓу четворица скопјани во близина на плажата Свети Никола во Стар Дојран.

МВР соопшти дека во пресметката, од едната страна, учествувале две лица на 31 и 42-годишнна возраст со иницијали А.К. и Љ.М., a од другата страна две лица на 21-годишна возраст со иницијали Б.А. и И.М.

На тепачката, како што соопшти полицијата, претходела расправија околу паркирање на возилото.

МВР против учесниците во инцидентот ќе поднесе соодветни поднесоци.

Инаку, викендов голем број скопјани заминаа во посета на Дојран каде неколку години по ред, во овој период од годината, се одржува музички фестивал.

извор: Makfax