На 23.08.2020 во 22.25 часот , полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода Т.С. поради тоа што физички ја нападнал соседката Ф.К.(75) и со тврд предмет и скршил прозорци од куќата.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.