Во полициската станица Центар, на 20. декември по полноќ 56-годишен маж пријавил дека претходно вечерта неговата ќерка договорила средба со момче со кое извесно време била во љубовна врска.

Откако се сретнале на локација во Скопје, момчето ја внело во автомобил „пасат“ и и упатувал закани, по што ја оставил на булеварот „Партизански Одреди“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

извор: Makfax