Вчера во 16.15 часот на улица „Пелагонија“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Х. (41) од Скопје поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.