На 13.11.2020 во 21: 35 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, при преглед извршен врз К.Н.(23) од Скопје, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа една најлонска кеса со опојна дрога марихуана.

Дополнително, при претрес во дом каде истиот престојувал, пронајдени се една кеса со опојна дрога марихуана, една најлонска паковка со амфетамин, четири семенки од растението Канабис сатива и други предмети кои се одземени. К.Н. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.