Вчера, oколу 5 минути пред почетокот на полицискиот час,  на улицата „1“ во селото Ново Село, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од полициски службеници од СВР Скопје и патничко возило управувано од Е.Г.(36) од Скопје, кој го напуштил местото на незгодата.

Од МВР информираат дека во сообраќајната незгода, еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

извор: Makfax