Доцна синоќа во полициската станица Гази Баба, Е.Р.(80) од селото Идризово, скопско, пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од страна на неговиот 46-годишен син.

„Е.Р. бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била констатирана тешка телесна повреда“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax