Опозицијата објави дека градоначалникот Петре Шилегов плаќа услуги на адвокатската канцеларија Петре Шилегов што е конфликт на интереси а, потоа, градоначалникот Шилегов даде изјава дека тоа не е точно. По неговиот обид за демант ВМРО ДПМНЕ на прес конференција посочи и докази, прециозно наведувајќи на кои документи се повикува во тврдењето дека градоиначалникот извршил проневера на јавни пари за сопствен инетерес, спротивно на законот кој во такви случаи утврдува конфликт на инетерес.

Градоначалникот Петре Шилегов има договор за хонорарни советодавни, консултатнтски услуги со адвокатската канцеларија на Петре Шилегов, практично со самсиот себе, и за тоа си наплаќа 50 илјади денари месечно или околу 10 илјади евра на годишно ниво. И тоа со години!

Дека овој договор е судир на интереси како влез во корупција и криминал, го констатира и државната антикорупциска и му наредува на Петре Шилегов да го раскине договорот сам со себе! веат од ВМРО ДПМНЕ.

“Постои документ во државната антикорупциска комисија со кој што се КОНСТАТИРА судир на интереси за односите на Петре со Шилегов. Значи по неколку години консултации сам со себе, на Шилегов не му проработува чесноста, туку е фатен во судир на интереси.

– Ова е документот од антикорупциска со датум од 1 декември 2020 година, одлука по предмет од 22 мај, за судир на интереси во односот на Петре со Шилегов. Ова е јавно достапен документ на интернет страницата на ДКСК, Одлука број: 09-2034/9 од 01.12.2020 година.

Ова фактички е повторување на делото од Шилегов, бидејќи во 2015-тата година, за соработка со својата компанија е констатиран судир на интереси од ДКСК, за сега тој повторно да работи со договор сам со себе како градоначалник од 2017-тата година.“ велат од ВМРО ДПМНЕ

Одлична консултација сам со себе – повтори го делото – за хонорар од 50.000 денари месечно.

– Колку тие исплати на 10.000 евра годишно за Шилегов до Шилегов се поврзани со работењето на Град Скопје но и со раководењето со ЗЕЛС и поврзаноста со другите општини во Македонија?

– Дали можеби тие консултации се поврзани со работата на јавните претпријатија финансирани од Град Скопје, имаат ли врска консултациите со распишаните тендери од Град Скопје и од ЈП под Град Скопје или пак под другите општини во Македонија?

Поранешниот член на Второстепената комисија за жалби по јавни набавки мора да имал силен мотив за повторување на договорот со конфликт на интереси, и тоа веднаш штом доаѓа на чело на Град Скопје, изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.