Градоначалниците на скопските општини заедно со градоначалникот, Петре Шилегов, и во придружба на заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска беа во посета на поголем број полициски пунктови во сите скопски општини, а го посетија и СВР Скопје.

Во денешната обиколка, скопските градоначалници на сите полициски службеници на пунктови, полициски станици, мобилни патроли им даваа вода и сок, во знак на поддршка што во овие вонредни околности деноноќно се грижат за безбедноста во сите општини на Скопје.

Пијалоци од скопските градоначалници за полициските службеници

„Со оваа заедничка иницијатива на скопските градоначалници се искажува голема благодарност до полициските служби што деноноќно го чуваат Скопје и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба, како и благодарност до граѓаните на сите скопски општини кои покажуваат висок степен на одговорност за време на празничниот полициски час и ги почитуваат препораките за заштита на јавното здравје“, велат од Град Скопје.

 

извор: Makfax