На крстосницата меѓу скопските улици „Лука Геров“ и „Марк Твен“ непознат возач во текот на вчерашниот ден (16. октомври) удрил во 58-годишен пешак од Пробиштип, по што побегнал од местото.

Од ударот пешакот добил тешки повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax