Како што соопштија од јапонското министерство за одбрана, екипажот на борбениот авион учествувал во воена вежба на островот Хоншу, а авионот се запалил веднаш после полетувањето на пистата која што воената база ја дели со локалниот цивилен аеродром.

Пилотот и навигаторот се спасиле во последен момент така што скокнале од авионот на пистата, а ловецот бил целосно уништен.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=YGPTTPedCy0]

Јапонското воено воздухопловство е едно од последните на светот кое што користи борбени авиони од типот Ф-4 кои што се произведуваат по американка лиценца во јапонските фабрики на Мицубиши.

Првите вакви авиони популарно наречени „Фантоми” во редовите на јапонското воено воздухопловство пристигнале во 1972-ра година, а моментално Јапонците имаат 71 примерок на вакви авиони кои што ги користат за јуришни и извиднички мисии.