Сакале да скокнат на глава во вода, но завршиле на Клинички. Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил кои при скок во вода сериозно го повредиле вратниот ‘рбет.

Директорот на клиниките вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.

Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава, тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко, за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам: Не ме доведувајте во ситуација да неможам да ви помогнам, вели д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ.

(Извор – Сител ТВ)