Борусија Дортмунд останува без Ерлинг Халанд за вечерашниот меч во Лигата на шампионите против Лацио, но и на подолг рок. Германски „Билд“ потврди дека норвежанецот се пожалил на повреда на мускул на последниот тренинг и не може да истрча вечерва.
Претпоставките се дека станува збор за скинат мускул, што би значело пауза од 4 до 6 недели. Сепак, последниот збор ќе го имаат лекарите, по специјалистичките прегледи кои треба да бидат направени.
Халанд постигна гол на секој натпревар оваа сезона во ЛШ и постигна 16 погодоци на 12 натпревари во Лигата на шампионите во својата кариера!