Вилата која се наоѓа во Ванкувер спаѓа во групата на најскапите куќи во Канада. Нејзината цена изнесува вртоглави 38 милиони долари, а вилата се простира на површина над 500 квадратни метри и е опишана како “палатата покрај морето”.

Меѓутоа, доволен е само еден поглед за да сфатите дека станува збор ултра лош вкус, т.е вила во која преовладуваат златни површини и застарени дизајни. Но, очигледно златните детали не биле доволно па архитектот вметнал и куполи се со цел да му даде посебен шмек на овој циркус од куќа.

Вилата е изградена во 1964 година, но оттогаш многу работи се смениле. Иако вилата е во прилично лоша состојба, сепак тоа не влијае на цената.