x

СКАНДАЛ: Ван Бастен и неговиот нацистички поздрав „зиг хајл“! (ВИДЕО)

Дали беше лапсус или навистина е нацистички задоен, е тоа го знае само Марко Ван Бастен, легендата на холандкиот фудбал и еден од најдобрите фудбалери во историјата. Имено по вчерашниот меч меѓу Ајакс и Хераклес, изјава даваше германсскиот тренер на гостите Франк Вормут. Него го интервјурираше новинарот на „Фокс Спорт“ Ханс Креј, и тоа на германски јазик. Со оглед на тоа дека Ван Бастен е коментатор на таа ТВ, тoј мислејќи дека микрофонот е исклучен искоментира со нацистичкиот поздрав „зиг хајл“, а тоа убаво се слуша на видеото.

По тој настан социјалните мрежи зовреа, се бараше извинување од Ван Бастен кој потоа изјавил дека тој тоа го кажал поради слабиот германски јазик на својот колега Креј.

Сепак ова негово извинување не го „пере“…

Оваа негова „солена шега“ го шокираше целиот фудбалски свет.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата