Раскажал што се случило на “сет“ на комедијата “Наша мала клиника“

Сараевскиот глумец и музичар со словенечка адреса Бранко Ѓуруќ Ѓуро вели дека заминувањето на 2019, му била една од најлошите години до сега. Гостувајќи во една телевизиска емисија, Ѓуро раскажал една анегдота на снимање на серијата “Наша мала клиника“, која ја режирал и во која играл психијатар, која имала три сезони.

– Почннавме да ја снимаме 2005 година, токму кога луѓето масовно почнаа да користат мобилни телефони – рекол Ѓуро. – Неколку пати се случи телефоните да заѕвонат за време на снимање. На организаторот му реков да залепи натпис и дека ќе ги скршам мобилните телефони ако на некој му заѕвони додека снимаме. Следниот ден глумецот кој не го видел натписот му заѕвонил телефонот.

– Секако, го искршив и сите беа во шок. За време на снимањето искршив три телефони, едниот беше на Филип Шоваговиќ, другите на мој професор од Академија, кој беше гостин на снимањето – раскажал Бранко…